Македонски земјоделци ќе учат позитивни пракси во органски фарми во Бугарија

Од:

Десет земјоделци од Североисточниот плански регион (СИРП) на Република Македонија, викендов ќе учествуваат на дводневната тура низ фарми за органско производство на храна и сточарство во соседна Бугарија, во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“.

Проектот го имплементира здружението граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка заедно со здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Бугарија, со средства од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија.

– Турата ќе се спроведе на 1 и 2 јули и е насловена „Еден ден од животот на органскиот фармер“. Турата ќе опфати посета на органски фарми во Бугарската Ќустендилска област, а целта на посетата е размена и восприемање позитивни пракси на органско фармерство. Учесници ќе бидат десетмина земјоделци од СИРП, кои претходно минаа три сесии обуки од оваа дејност, информира Андриана Ивановска-Давитковска од „ЕГРИ“ Крива Паланка.

Рече, земјоделците ќе имаат можност да го дооформат познавањата за органско производство усвоени на претходно сроведените три сесии обуки за сертифицирање на органски производи, серијал именуван „Нова генерација органски фармери“ за премин од традиционално кон сертифицирано органско производство на храна, во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Земјоделците ги блокираа приодите до аеродромот во Франкфурт

Француската полиција приведе 18 земјоделци

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски

Земјоделците втор ден ги блокираат автопатите околу Париз