Македонските вина и ракии на Тиквеш, Камник и Стоби од денеска по прв пат, можат да се купат во Обединетите Арапски Емирати.
Ова е прв пласман на овие македонски производи воопшто на Блискиот Исток.
Во прво време ќе можат да се набават во продавницата на ЕуроБалкан – единствена која пласира прехранбени производи и пијалоци од балканските простори на територија на Емиратите. Се предвидува палетата пијалоци наскоро да биде достапна и во угостителските објекти – хотелите и рестораните низ земјата.