Македонски компании на „Фруит логистика“ во Берлин

Од:

Со поддршка на Mинистерството за земјоделство, шумарствo и водостопанство, 14 македонски фирми од денеска до сабота учествуваат на еден од најголемите светски саеми за овошје во Берлин.

На „Фруит логистика 2015“ се претставуваат 2.750 компании од 83 земји кои се занимаваат со продажба и одгледување на овошје. Саемот се смета за еден од најголемите форуми за презентација на компаниите од овој сектор.

„Фруит логистика“ е одлична можност за изнаоѓање странски партнери зашто го посетуваат преку 60.000 меѓународни трговски претставници од 130 земји. Околу 20 проценти се Германци, а останатите, речиси повеќе од 80 отсто, се од други држави.

На саемот во Берлин учествуваат Баџо Доел – Богданци, Евромак – Струмица, Екстра Фунги – Кочани, Фруктана – Карбинци, Фрутема – Кавадараци, Кривогаштани Промет од Прилеп, Ксенос – Демир Хисар, Перминдекс – Градско, Таурус Фармс – Богданци,  Туран – Богданци, Венец – Неготино, Виториа Фруит – Гевгелија, Жито – Велес и Зои Унион од Квадарци.

Лани во светот биле произведенни 1,8 милијарди тони овошје и зеленчук.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади