Македонски енергетски форум 2020

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2020. Го организираат Владата, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот.

Годинашното, трето издание на Форумот 2020, ќе почне во 15 часот и ќе се одвива во хибридна форма. Учесниците ќе можат да го следат преку платформата ЗООМ, додека ограничен број панелисти и новинари ќе се соберат во посебно студио на МЕФ2020 во хотел „Мериот“.

Како што најавуваат организаторите, МЕФ ќе го отворат премиерот Зоран Заев, американската амбасадорка, Кејт Брнс и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир. Меѓу панелистите, пак, ќе биде и помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон.

Форумот е организиран од ЗИП Институт, Амбасадата на САД во Северна Македонија и Владата на Република Северна Македонија, а финансиран од Германскиот Маршалов Фонд во САД – Balkans Trust for Democracy, Кралската Норвешка Амбасада во Белград, АД МЕПСО и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он