Македонија потпиша Меморандум за соработка во областа на земјоделството со Босна и Херцеговина

Од:

Во рамки на дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска потпиша Меморандум за соработка во областа на земјоделството со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.

Потпишувањето на Меморандумот претставува чекор напред во реализација на утврдените активности од заеднички интерес, за чие што успешно остварување во наредниот период треба да работат тимови од двете земји. На билатералната средба, министерите Николовски и Шаровиќ, се договорија тимовите од двете земји да се формираат што поскоро, за да почнат со конкретни чекори.

Со Меморандумот е предвидено унапредување на трговијата со земјоделски и прехрамбени производи меѓу двете земји, што подразбира создавање на услови за непречена трговија и отстранување на евентуални бариери, олеснување на контактите меѓу заинтересираните фирми за трговска соработка со организирање на поинтензивни средби на Стопанските комори, настап на меѓународни саеми за земјоделство. Воедно, двете земји ќе работат и на организиран настап на трети пазари, како што е пазарот на НР Кина.

На билатералната средба двајцата министри истакнаа дека меѓусебните односи на двете земји во областа на земјоделството имаат голем потенцијал за понатамошно унапредување, како од аспект на унапредување на трговската размена со земјоделско-прехрамбени производи така и во рамки на развојната соработка меѓу надлежните институции во рамки на земјоделскиот сектор.

Министерот Николоски и Министерот Шариќ констатираа дека унапредувањето на трговската размена е главната работа на која треба да се насочат двете земји во наредниот период, а документите за соработка што се потпишуваат денеска носат олеснувања за граѓаните. Министерот Николовски истакна дека Македонија е отворена за соработка и стои на располагање за помош на евроинтеграцискиот процес на Босна и Херцеговина, преку пренесување на македонските искуства.

Инаку, делегација на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата Зоран Заев, од вчера се во дводневна официјална посета на Република Босна и Херцеговина. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, е придружуван од владина делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крешник Бектеши, министер за економија, Роберт Алаѓозовски, министер за култура, Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспората.

Ова е прва официјална работна посета на Босна и Херцеговина. Во рамки на билатералните средби, владините преставници се обврзаа на активен однос, размена на искуства, институционална поддршка, секаде каде што има услови за тоа.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници