Македонија очекува укинување на бариерите за извоз на лекови во Албанија и вино во Србија

Од:

По дводневните панел дискусии во рамки на ЦЕФТА Неделата 2014, на кои се разговараше на теми за зголемување на инвестициите во ЦЕФТА регионот, за регионалните синџири на вредност, за глобалните и регионалните аспекти на олеснувањето на трговијата во ЦЕФТА, а се одржа и форумот на стопанските комори од ЦЕФТА регионот, министерот за економија Беким Незири денеска претседаваше со 8. Мешовит комитет.

На овој Мешовит комитет, министрите и овластените претставници на ЦЕФТА Страните, ја истакнаа важноста за превземање напори посветени на продлабочување на примената на ЦЕФТА Договорот, како солиден правен основ за либерализација на трговијата со стоки и услуги, олеснување на трговијата и поедноставување на процедурите, елиминирање на нетарифните бариери во трговијата, зголемување на транспарентноста и зајакнување на регионалната соработка во политиките за инвестиции и промоција.

Министерот за економија ги предочи и решенијата на одредени бариери кои беа предложени на денешната седница.

-Македонија има бариери за извоз на лекови во Албанија и за извоз на вино во Србија. На седницата донесовме заклучок Република Албанија во наредниот период да ја согледа можноста да направи измена на Законот за здравство, во делот со кој се регулира увозот на лекови, кој предвидува лековите што се увезуваат да бидат регистрирани во земјата во која се произведуваат и во една земја-членка на ЕУ. Побарав од Албанија да се тргне бариерата и лековите од Македонија да може слободно да се увезуваат-рече Незири.

На седницата, меѓу другото, беше договорено и да се формираат работна група за електронска размена на информации, комитет за олеснување на трговија, и поткомитет за трговија со услуги, како и да се измени одлуката за основање на Комитет за избор на мандат на персонал на ЦЕФТА Секретаријатот, да се основа отворен фонд на ЦЕФТА Комитетот и да се воведе национална програма за експерти.

Од наредната година претседавач на ЦЕФТА ќе биде Молдавија. /Meta

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов