Македонија на чекор поблиску до Јужен поток

Од:

Македонската страна во Русија ја доби нацрт-спогодбата меѓу владите на двете земји за соработка при изградба на гасоводна инфратруктура за испорака на гас во Македонија.

„Предавањето на Нацрт-спогобдата е чекор напред во реализацијата на овој проект. Владата во најкраток можен рок ќе го разгледа текстот и ќе ја продолжиме процедурата на македонска страна во соработка со „Газпром“ и руската Влада, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на пленарната седница на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка што се одржува денеска во Нижни Новогород.

Приклучувањето на Македонија во „Јужен поток“ беше официјализирано при последната посета на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Русија пред 10-тина дена. Договорот се очекува официјано да биде потпишан за неколку месеци.

Плановите се градбата на „Јужен поток“ да почне во декември годинава во Русија во деловите каде ќе бидат изворите на гас и постепено до крајот на 2015 година да заврши комплетно. „Јужен поток“ кој има два крака, од Русија треба да поминува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија и вториот преку Грција и Албанија до Италија.

За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија. Приклучувањето на Македонија во овој проект е од интерес за гаѓаните и компаниие во Македонија, како и за ширење на пазарот на руската компанија.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил