Македонија може да произведе доволно пченка

Од:

Само со засадување нови 7.000 хектари пченка под систем за наводнување „капка по капка“ и современа агротехника, Македонија може да го замени годишниот увоз од 62.000 тони.

Како што вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, со инвестиција од 17 милиони евра за седум години добивката според сегашните цени би изнесувала 128 милиони евра.

– Ваквата анализа ја презентираше Карл Ларкинс, координатор на Проектот на УСАИД што го спроведува корпорацијата „Карана“ кај повеќе од 120 земјоделски производители во пелагонискиот, полошкиот, вардарскиот и североисточениот регион. Двегодишното искуство покажа дека со примена на системи „капка по капка“, совети од локални експерти, протоколи за наводнување и соодветни агротехнички мерки, се добиваат 13 тони на хектар пченка наспроти 4,8 со другите системи за наводнување. Производната цена од 12,5 е намалена на 4,1 денар за килограм, појаснува министерот.

Земјоделците вклучени во овој проект добиваат бесплатна опрема и совети, а семенскиот материјал сами го набавуваат, односно го користат истото семе кое и досега го користеле на своите ниви.

– Меѓу приоритетите на Министерството е и рационалното користење на водите со изградба на нови и модернизација на постоечките хидро-мелиоративни системи. Во следните 10 години за оваа цел ќе бидат вложени 200 милиони евра преку Статегија со Акциски план. Покрај ова, се работи и на подобрување на други сегменти кои треба да го зголемат земјоделското произвоство по единица површина – окрупнување на малите и раситнети парцели, обука на фармерите и нивно здружување со цел земјоделството да биде прфесионална и доходовна дејност, нагласува Цветков.

Подвлекува и дека Министерството поддржува проекти со кои земјоделците директно и преку сопствено искуство ги согледуваат финансиските и еколошките ефекти од напредната технологија.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар