Македонија со конкретна понуда се претставува на меѓународниот саем за туризам што денеска почна во Хелсинки, Финска.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), на саемот т.н. МАТКА, најголем на нордискиот пазар, земјава не само што има свој штанд, туку и ќе учествува на настанот за интензивно вмрежување „Matka Workshop Day” кој брои преку 450 тур-оператори и туристички агенции.