Во Струга денеска ќе се одржи петтата прослава на „Денот на Европската територијална соработка“, со која Македонија и Албанија, како земји кориснички на ИПА прекуграничната програма, ќе се придружат кон останатите земји на Европа кои повеќе од 20 години ги прославуваат резултатите од успешната територијална соработка.
Најавено е обраќање на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на претставник од партнерското министерство од Република Албанија, како и на Елвис Али, претставник од ДЕУ во Република Македонија.
Ќе се направи и избор за најдобро видео на тема „Пет причини зошто сакам да ја посетам мојата соседна земја“ од натпреварувачи од Македонија и Албанија, а ќе се одржи и саем на ракотворби на изложувачи од Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Корча, Поградец, Либражд, Елбасан.