Македонија губи 20 отсто од земјоделското производство поради несоодветно складирање

Од:

До 20 отсто годишно достигнуваат загубите во македонското земјоделство поради несоодветното складирање, покажува последната анализа на „Руралана коалиција“.

Во светски рамки, овој тип загуби во агро бизнисот се движат од пет до 10 отсто.

– Секоја година голем дел од земјоделското производство во Македонија пропаѓа поради несодветно чување, во импровизирани складишни простории кои се под влијание на временските услови. Ова е една од причините што ги принудува земјоделците да вршат продажба на производите по многу ниски цени или да ги фрлaат, стои во анализата.

Несоодветното чување на производството го намалува квалитетот поради што и цената се намалува.

– Овој проблем се уште е еден од најгорливите за македонското земјоделство, а најмногу ги засега производителите на јаболко, праска, круша, трпезно грозје, домат, компир, наведува „Руралана коалиција“.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади