Лукаревска: Тенденција на УЈП е да се градат партнерски односи со даночните обврзници

Од:

Нашата тенденција како Управа за јавни приходи е да градиме партнерски односи со даночните обврзници. Тука сме за да слушнеме дел од проблемите со кои се соочуваат даночните обврзници во секојдневното работење, одредени сугестии, за да ја унапредиме нашата работа како главен собирач на приходите во државата, истакна денеска во Кавадарци директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа со тим од Управата и со претседателот на Регионалната Стопанска комора Никола Наумов, денеска се сретнаа со стопанственици од тиквешкиот регион.

Средбата е, додаде, да ги информираат претставниците на компаниите за најновите измени и дополнувања на материјалните закони по кои постапува Управата за јавни приходи, новините во делот на повратот на ддв кај физичките лица, новините во делот на ваучерскиот систем, за даночните олеснувања при донации во спортските клубови од страна на даночните обврзници и слично.

-Имавме исто така и новини во Законот за регистрирање на готовински плаќања. Очекуваме да слушнеме и одредени нивни размислувања за да ги унапредиме максимално обострано нашите односи, нагласи Лукаревска.

Претседателот на Регионалната Стопанска комора рече дека продолжуваат со активности со цел да се биде мост помеѓу бизнис заедницата и институциите во државата.

-Тука сме за да ги слушнеме сите забелешки и сугестии на претставниците на бизнис секторот, нагласи Наумов.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница