Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска на отворено во паркот Жена Борец одржа работна средба со жени претприемачи – претставнички од Асоцијацијата на бизнис жени.
На средбата, како што информираат УЈП, се разговарало за претприемништвото во услови на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, донесените и спроведените мерки за финансиска поддршка на компаниите погодени од здравствено економската криза како и сервисирање на обврските кон УЈП во услови на кризата.
-Давањето поддршката за јакнењето на женското претприемништво е клучна во создавање на општество со родова еднаквост. Управата за јавни приходи е партнер на бизнис секторот и секогаш дава поддршка на сите кои започнале бизнис и обезбедиле работни места во Република Северна Македонија, стои во соопштението.