Луфтханза најави гаранција за враќање на туристите

Од:

Германската национална авиокомпанија Луфтханза најави дека ќе ги враќа туристите во земјата бесплатно, доколку тоа е потребно поради вирусот Ковид-19.

Како што пренесуваат странските агенции, на тој начин се обидува да се бори против намалената побарувачка за летови поради пандемијата на коронавирусот.

– Воведуваме гаранција за враќање на туристите дома. Кој сака да се врати во Германија, ние ќе го вратиме, дали поради висока температура не може да влезе во земјата или затоа што тој мора да биде таму во карантин или пак затоа што во таа земја избувнала епидемија на вирусот, рече шефот на концернот Карстен Шпор за дневниот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Шпор додаде дека повторно очекува поголема побарувачка за летовите најдоцна до есенскиот училишен распуст.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц