„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Од:

Oд 23-ти април 2023 година германскиот авиопревозник Луфтханза, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување на летови на линијата Франкфурт – Скопје, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

„Луфтханза“ ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета неделно, со авиони од видот: Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

Како што велат од „Луфтханза“, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната.

Би можело да ве интересира

Тепачка пред зградата на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Сали за инцидентот на Скопскиот аеродром: Гаши не ги прекршил ингеренциите

Пацоли за случајот Османи: Функционер на ИАТА ми потврди дека нема имунитет што може да ја избегне контролата

Предраг Петровиќ

Се огласи ТАВ по инцидентот на скопскиот аеродром

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

Еуровингс откажа околу 300 летови, пилотите штрајкуваат

Горан Наумовски