Луфтханза ќе изврши докапитализација за да врати дел од државната помош

Од:

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави зголемување на капиталот за 2,14 милијарди евра за да отплати дел од државната помош што ја доби во пандемијата на Ковид-19 и да ги подобри финансиите.

Приходите од продажбата на новите акции, како што беше најавено, ќе бидат искористени за враќање на дел од вкупните девет милијарди евра, помош што ја добија за надминување на корона кризата.

„Луфтханза“ доби помош од Германија, Австрија, Белгија и Швајцарија.

Новите акции по цена од 3,58 евра ќе им бидат понудени на акционерите во периодот од 22 септември до 5 октомври, објави германскиот превозник.

Тие имаат намера да го искористат нето приходот за враќање на 1,5 милијарди евра на Германскиот фонд за економска стабилизација, а потоа целосно да го подмират долгот со плаќање дополнителни милијарди евра до крајот на годината.

„Луфтханза“ веќе го отплати кредитот од милијарда евра одобрен од државната инвестициска и развојна банка КфВ.

Извршниот директор на „Луфтханза“, Карстен Шпор неодамна објави дека компанијата се уште сака да ја врати државната помош пред истекот на мандатот на актуелната германска Влада.

– И пред кризата со коронавирусот беше јасно дека консолидацијата во секторот ќе продолжи. Кризата, така да се каже, го притисна копчето за пауза во процесот. Во моментот кога ќе се исплати државната помош, повторно ќе се притисне копчето „он“ затоа што во Европа имаме премногу авиокомпании, рече Шпор.

Најголемата германска авиокомпанија во август објави дека ги преполовила загубите во вториот квартал во однос на истиот период во пандемиската 2020 година.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“