Лондон: Грчката криза не се шири во другите земји од еврозоната

Од:

Се подлабоката криза во Грција станува „многу опасна“, но засега нема показатели дека таа може да се прошири и во другите периферни земји на еврозоната, оцени денеска вториот човек на Банката на Англија, Џoн Канлиф.

– Во моментов нема такви сигнали. Финансиските пазари не покажуваат дека кризата предизвикана од грчката презадолженост се шири и во други земји од периферијата, изјави Канлиф во интервју за Би-Би-Си.

Под терминот „периферни држави“ на еврозоната се подразбираат земјите од Јужна Европа, кои се соочуваат со поголеми економски проблеми – Шпанија, Италија и Португалија.

Канлиф изразува надеж дека Атина и нејзините кредитори ќе успеат да ги возобноват преговорите за грчкиот долг по референдумот на 5 јули, на кои би се изнашле начини за да се избегне излегување на Грција од евроозната.

– Длабоко се надевам дека тоа ќе се случи. Според мене, грчката Влада и грчкиот народ јасно покажаа дека сакаат да останат во евроозната, нагласи Канлиф, додавајќи дека таков став изразуваат и партнерите на Грција.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озбор веќе најави дека Владата во Лондон е подготвена да преземе се што ќе биде потребно за да ја заштити економијата на Велика Британија во овој неизвесен период.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски