Љајиќ: Приштина попушти за царините под притсок на балканските земји

Од:

Српскиот министер за тровија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека Приштина ги укина царините на 14 земјоделски производи, како резултат на „притисокот и на одлучната реакција на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора“, кои минатата недела на министерскиот состанок во Белград „заеднички се спротивставија на оваа и на секоја друга бариера во трговијата“.

Љајиќ посочи дека четирите земји ќе продолжат да инсистираат на укинувањето на преостанатите царински и вонцарински бариери кои Приштина од порано ги има воведено.

– Само преку слободен проток на луѓе, стоки и услуги може да се дојде до создавање на заеднички економски простор на Западен Балкан, што е во апсолутен интерес на сите страни во ЦЕФТА, бидејќи ја зголемува конкурентноста на нашите стопанства и отвара можности за нови инвестиции во регионот, изјави Љајиќ.

Тој потсети дека на сила се уште се бариерите на Приштина за брашното и на термо блоковите од Србија, млекото и млечните производи од БиХ и пивото од Црна Гора.

Љајиќ посочи и дека најновата најава од Приштина и од Тирана за бришење на границата е во целосна спротивност со принципите на регионалната соработка и на понатамошните економски интеграции на Западен Балкан.

– Таквите, еднострани постапки, пред се, се вовед во реализацијата на големодржавен проект, отколку што се потстрек кон јакнење на стопанските и на трговските врски во регионот, констатираше Љајиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Членови на кабинетот на претседателот и премиерот на Србија физички се судрија на автопатот

Вучиќ: „Ниш е ослободен вечерва, со вашите барања е завршено

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора