Љајиќ: Колку повеќе одложуваме решение за Косово, толку ќе биде се полошо за нас

Од:

Колку повеќе се одложува решавањето на косовското прашање, секој нов предлог ќе биде полош и порадикален за Србија, изјави денеска потпретседателот на српската Влада и министер за трговија и туризам Расим Љајиќ.

Тој истакна дека затоа работите треба да се придвижат од мртва точка, пред се поради Србите кои живеат на Косово и заради напредокот на земјата.

– Ако погледате историски во последните 25 години, секој следен предлог за Косово бил полош од претходниот. Секој легитимен претставник на Албанците бил порадикален од претходниот. Не се преговарало со оние со кои можеби можело да се преговара затоа што се тргнувало од максималистички позиции, изјави Љајиќ во гостување на РТС.

Според него, преговарачката позиција на Србија ослабнува со понатамошното одлагање на решавањето на прашањето за Косово.

– Мислам дека се треба да се стави на маса како опции. Мислам дека поделбата е добро, но задоцнето решение. Порано имаше шанси, во деведесетите години кога сте имале реална и власт, моќ и влијание на Косово, но сега тоа веќе го нема. Според тоа, нашата преговарачка позиција сега е далеку послаба и колку повеќе одложуваме (решавање) мислам дека ќе биде се полошо за нас, истакна Љајиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Членови на кабинетот на претседателот и премиерот на Србија физички се судрија на автопатот

Вучиќ: „Ниш е ослободен вечерва, со вашите барања е завршено

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора