„Лидл“ отвори логистички центар во Србија

Од:

Во Нова Пазова денеска е отворен логистички центар на компанијата „Лидл“. Претставници на германскиот трговски ланец најавија дека до крајот на годинава ќе отворат дваесетина продавници во Србија, за што е објавен конкурс за вработување околу илјада продавачи.

Во центарот во Нова Пазова, со површина од 45.000 метри квадратни, работат 180 луѓе.

Логистичкиот центар е отворен во присуство на претседателот Александар Вучиќ, министерот за трговија Расим Љајиќ, претседателот на покраинската влада Игор Мировиќ и германскиот амбасадор Аксел Дитман.

Генералниот директор на компанијата „Лидл Србија“, Томислав Шапина рече дека целта на „Лидл“ е во Србија, како и во другите земји, да се понуди свежа и квалитетна стока по најповолни цени.

– Нудиме и добри работни услови и соодветен надомест во пријатна атмосфера, рече Шапина.

Вучиќ посочи дека „Лидл“ во логистичкиот центар во Нова Пазова инвестира 55 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он