Лидерот на германската ЦДУ ги повика САД да не се мешаат во проектот Северен тек 2

Од:

Претседателот на германската Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц изрази надеж дека САД нема да се мешаат во европските работи, особено во реализацијата на проектот Северен тек 2. Ваквото мислење тој го искажа во интервју објавено денеска за весникот Билд ам Зонтаг.

– САД се и ќе останат наш најважен сојузник во светот, но очекуваме и дека нема да се мешаат во чисто европско прашање како што е Северен тек “, изјави лидерот на најголемата германска десничарска партија. Во исто време, тој појасни дека „дури нема ни заеднички европски став за оваа тема“.

Ваквата ситуација, според лидерот на ЦДУ, е поврзана со политиката на Ангела Меркел, претходник на актуелниот германски канцелар Олаф Шолц.

Што се однесува до претстојната посета на Шолц на Вашингтон, Мерц истакна дека тоа требало да се случи многу порано: Ова патување е задоцнето. Беше неопходно пред неколку седмици. Сега патувањето изгледа како посета на некој што моли, некој што не може сам да излезе од ситуацијата што сам ја создал и затоа мора да побара помош од својот постар брат во Вашингтон, заклучи претседателот на ЦДУ.

Германскиот канцелар утре во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД