Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Од:

Стартот на производство во тенденциозно ограбениот од офшор компании, индустриски комбинат ФЕНИ, според најавите, е неизвесен! Причината за ова е што работниците сѐ уште немаат склучено договори за вработување. Главен проблем е тоа што на работниците им се нудат мизерни услови по однос на месечните примања. Згора на тоа, новите сопственици се закануваат со увоз на работници од Косово!

Претходните апели на Левица да се искористи можноста за национализирање на компанијата, која е во една од најпрофитабилните индустрии, беа занемарени од претходната власт! Затоа, повторно упатуваме апел да се преземат потребните чекори за враќање на достоинството на вработените, кои не бараат дополнителни, туку си ги бараат заслужените примања, согласно видот на дејноста што ја извршуваат.

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се сретна со вработените пред Фабриката и изјави дека Левица има долгорочен план за максимално искористување на суровината, намалување на количината на јаловина, еколошки одржливо производство и достоинствен живот на работниците кои макотрпно работат во еден од најголемите извозни капацитети во државата, реагираат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Братучед на пратеничка од ДПМНЕ назначен за командир – продолжува непотизмот на Тошковски

Изет Меџити го крие труењето на народот со олово, арсен и цијанид во Крива Река, велат од Левица

Горан Наумовски

Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската плата за семејствата на загинатите во Кочани

Левица со низа мерки за заштита на граѓаните од системската корупција

Горан Наумовски

Избега пациент и се обиде да убие човек, Левица бара разрешување на Жан Лозановски – директор на болницата во Демир Хисар

А1он

Левица: Собранието е на платен одмор додека народот бара одговори