ЛДП запрепастена од срамната одлука на Уставен за парното

Од:

Уставниот суд, ја отфрли инцијативата поденесена од ЛДП за оцена на уставноста и законитоста за одредбите од Правилникот за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија.

„За жал Уставен ја отфрли нашата иницијатива со недолично образложение дека со вертикалниот систем на парно во колективните згради преку цевките, кои поминуваат низ становите, се грееле и оние кои се исклучени.Либерално-демократската партија е запрепастена од срамната, непринципиелна и недоследна одлука на Уставниот суд и има целосно разбирање за револтот кој ова пресуда го предизвика кај граѓаните“, изјави потпретседателот на ЛДП, Роза Топузова Каревска..

Оваа негова постапка, вели, е запрепастувачка дотолку повеќе што пред четири години, истиот тој суд донесе Одлука со која се укинаа одредбите од подзаконскиот акт, за обврската да им се наплатува на корисниците исклучени од ситемот, со образложение дека е незаконски и неуставно да се наплаќа за услуги кои не се извршуваат.

„Прашуваме, што во меѓувреме е променето во Уставот, за, денес, на граѓаните им се наметнат давачки за нешто што не го користат, а некој да собира пари за услуга која не ја извршува“, рече Топузова Каревска.

ЛДП прашува, ако Уставниот суд веќе еднаш има донесено одлука за укинување на обврскита за плаќане на исклучените корисници на што се должи неговата недоследност при одлучувањето.

Дали, наместо да ги штити Уставноста и интересите на граѓаните, за што впрочем и постои, сега ги штити монополските интереси на Балкан Енерџи, или ги штити незаконските одлуки на Регулаторната комисија или пак интересите на Владата.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики