ЛДП: Кузмановска да ја продолжи расправата за буџетот

Од:

„Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, втор ден ја одложува седница на Комисијата со што им го ускратува правото на пратениците да го искажат својот став за предлог буџетот за 2018 година.

Според Деловникот за работа, расправата требаше да трае 10 работни дена, но Кузмановска освен што соопшти дека ја одложува на неодредено време, не се потруди да каже кои се причините за нејзиното одложување, ниту пак кога ќе биде закажано продолжението на седницата.

Оваа постапка на Кузмановска, иако не не’ зачудува, покажува колку ѝ е важен буџетот и функционирањето на Комисијата. Со ова, опозицијата и во пракса докажува дека партиските интереси ги поставува над државните, заборавајќи на интересите на граѓаните.

Со оваа нивна постапка се потврдува дека опозицијата нема аргументи со кои ќе го критикува буџетот и од таа причини ја одлага дебатата за буџетот.

Во интерес на граѓаните, ЛДП ја повикува претседателката на Комисијата за финансирање и буџет веднаш да го закаже продолжението на седницата на која ќе се дебатира за буџетот на Република Македонија за 2018 година“ се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски