ЛДП бара од Владата итна интервенција од стоковите резерви

Од:

ЛДП укажува на катастрофалните последици од сушата која значително ги намали и сеуште ги намалува приносите на сите земјоделски култури. Ова, велат, е особено случај кај житариците, каде за повеќе од 50% се намалени приносите во однос на минатата година. Најголем пад на приносите е забележан кај јачменот и на пченицата, а за жетвата на сончогледот речиси не може да стане збор. Слична состојба се очекува и кај пченката, чија жетва започнува наредниве денови. Постои реална закана за опустошување на, ионака, намалениот фонд на сите видови добиток, пред се’ поради високата цена на сточната храна.

Поради ова,според ЛДП, оправдана е загриженоста кај земјоделците кои со право бараат Владата да прогласи вонредна состојба поради катастрофалните последици од сушата, а како последица од сушата, наскоро се очекуваат огромни поскапувања на храната, а пред се на виталните продукти, како што се лебот и печивата, маслото за јадење, млекото и млечните производи, месото….

ЛДП бара Владата сериозно да ги разгледа последиците од сушата врз земјоделското производство и да предложи итни мерки и активности за ублажување на последиците, со цел да се запре уништувањето на сточниот фонд во Република Македонија. Воедно, велат, со тоа ќе се спречи огромното поскапување на цената на лебот, месото, млекото и млечните производи, маслото за јадење и на другите витални прехрамбени производи, со што ќе се ублажи ударот врз веќе нарушениот животен стандард на граѓаните. Во насока на ваквото спречување на поскапувањата, ЛДП бара Владата да изврши итна и неодложна интервенција од стоковите резерви.

Со оглед на фактот дека последиците од глобалното затоплување и од сушите и во иднина ќе нанесуваат огромни штети на земјодлството, ЛДП повикува итно да се започне со стратешки пристап во справување со последиците од сушите, како и со интервенција на државата во насока на ревитализација на старите и изградба на нови системи за наводнување. Во земјите кои се посеверно од нас, велат, и кои се помалку засегнати од сушите, како на пример, во Хрватска и во Унгарија, постои согласност дека без развиен систем за наводнување на земјодеските површини, веќе не може да стане збор за било какво земјоделско производство. Во овие држави, владите, заедно со земјоделските производители, експертите и со сите расположиви човечки потенцијали, веќе отпочнаа со интезивни активности за подобрување на системите. Оттаму, и Македонија мора итно да ги ангажира сите свои расположиви ресурси во подобрување на наводнувањето на земјоделските површини и ублажување на последиците од глобалното затолување и сушите.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар