Лагард ќе присуствува на денешната средба на министрите за финансии на еврозоната, посветена на Кипар

Од:

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, ќе присуствува на денешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната, на кој ќе се разговара за потенцијалниот пакет со помош за Кипар, изјави портпаролот на ММФ, Бил Мареј.

На прашањето дали ММФ ќе учествува во спасувачкиот пакет за оваа медитеранска земја, Мареј не сакаше да одговори, но истакна дека ММФ сака трајно решение за кипарската финансиска криза, пренесуваат француските медиуми.

Министрите за финансии на еврозоната денеска ќе се состанат во Брисел, по дводневниот самит на лидерите на ЕУ, за да разговараат за планот за помош за Кипар.

Кипар во јуни минатата година побара финансиска помош од 17 милијарди евра, откако двете најголеми домашни банки побараа државна помош по големите загуби настанати заради должничката криза во соседна Грција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст