„Куманово-Гас“ распиша тендерска постапка за избор на компанија за проширување на гасоводната мрежа

Од:

Јавното претпријатие „Куманово-Гас“ распиша тендер за избор на компанија за ископ и поставување цевки, со што ќе се прошири гасоводната мрежа кон улицата „11 Октомври“ кон кумановската општа болница. Постапката е во тек, информираа денеска надлежните од претпријатието.

-Откако ќе се избере фирмата и поминат законските процедури, ќе се склучи договор со потенцијалниот изведувач и ќе почне проширувањето на мрежата кон кумановската општа болница, изјави директорот на претпријатието, Никола Денковски.

За пет месеци дваесетина граѓани, пред се, сопственици на куќи склучиле договор со Јавното претпријатие и се приклучиле кон гасоводната мрежа. Наскоро, по завршување на изградба на станбена единица на булеварот „Октовмриска револуција“ се очекуваат дополнителни десет приклучоци.

-Ова е највисок процент на склучени договори со граѓани, изјави Денковски.

Тој потсети дека граѓаните можат да користат и субвенција од општината во висина од 10.000 денари за приклучок кон мрежата. Во годишната програма на претпријатието за тековната година предвидено е приклучување на два големи потрошувачи кон мрежата, кумановската општа болница и основното училиште „Толи Зордумис“. Меѓу покрупните проекти на претпријатието, за оваа година е предвидено и ширење на дистрибутивната мрежа кон индустриската зона во село Доброшане, каде што функционираат повеќе мали и средни производствени компании.

-Во завршна фаза е проектирањето на останатите урбани единици кои досега не беа опфатени во основниот проект. По подготовката ќе почне ширењето на мрежата во различни реони од градот, најави Денковски.

Би можело да ве интересира

Девојче е првото бебе во Куманово

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Адвокатите на починатата родилка од Куманово откриле недоследности во државните извештаи

Горан Наумовски

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

35-годишен маж ги подметнал пожарите во Куманово