КСС со писмо до пратениците бара правична распределба на буџетските средства во делот на платите

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара од пратениците во текот на расправата за Предлог-буџетот да интервенираат со цел да се овозможи правична распределба на буџетските средства во делот на платите.

Од КСС бараат платите да се усогласуваат согласно Законот за минимална плата со цел да нема ситуација во која двајца вработени со различна сложеност на работата, ќе земаат иста плата.

– Ваквото непринципиелно и незаконско исплаќање на плати некој ја нарекол „урамниловка”. Оваа урамниловка има тенденција на продолжување и продлабочување на лошата практика, особено со сé поотворените најави дека минималната плата повторно ќе се зголеми, со политичка одлука, ни повеќе ни помалку на 18.000 денари. Тоа би значело дека помошно-техничкиот персонал, односно најниското работно место по сложеност на работа, со плата буквално ќе се изедначи со носителот на дејност од кој се бара сложени и одговорни вештини и знаења, посочува КСС во писмото испратено до пратениците, претседателот на Собранието и до членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Доколку ова нивно барање не се прифати, КСС најавува дека ќе ги активира сите расположливи синдикални средства за одбрана и унапредување на своите права, не исклучувајќи ги и најрадикалните како што се масовни протести и генерален штрајк во сите дејности во јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“