КСС реагира на функционирањето на Економско социјалниот совет

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска повторно обвини дека Економско-социјалниот совет не функционира и оти преку ова тело, како што тврди претседателот на КСС Благоја Ралповски, не можат да ги искажат своите ставови и барања.

Ралповски на прес-конференција рече дека КСС останува на барањето за покачување на платите во јавниот сектор од 19 проценти согласно зголемувањето на минималната плата, како и за скратено работно време од седум часа во институциите каде се воведува двосменско работење. Конфедерацијата бара и продолжување на породилното отсуство од девет на 12 месеци за поддршка на мајчинството, а согласно препораките на Светската здравствена организација според кои детето треба да биде донео најмалку 12 месеци, а со што се намалува ризикот за рак на дојка за 50 проценти, кој сега е значително распространет.

Според Ралповски, КСС нема да отстапи од поставените барања поради што Извршниот одбор добил насоки да свика вонредна Конференција на КСС на која ќе се расправа за состојбите во Економско-социјалниот совет.

– Ако не се поправат ваквите состојби КСС ќе излезе со порадикални чекори, а тоа во прво време ќе бидат масовни протести, истакна Ралповски.

Тој потенцираше дека сите барања се согласно Законот за работни односи и конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Досега, како што информира претседателот на КСС, испратиле повеќе дописи за средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовка, но не добиле одговор.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“