КСС ќе поднесе барање за преиспитување на репрезентативноста на социјалните партнери во Економско социјалниот совет

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) поднесе тужба за утврдување на репрезентативноста која треба судот да ја утврди, но и денеска поднесува барање за преиспитување на репрезентативноста на социјалните партнери во Економско социјалниот совет, информира на денешната прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Изминатиот период КСС примила неколку документи со што, како што вели Ралповски, се докажува моментот на фалсификување на Економско социјалниот совет и фалсификување на репрезентативноста на социјалните партнери, пред се записник од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) каде што со тужба е исклучен еден синдикат.

– Со ова се докажува дека ССМ нема репрезентативност, ниту на национално ниво, ниту во јавен сектор, ниту во приватен сектор. Ова докажува дека КСС е единствениот репрезентативен синдикат и најголем синдикат во јавниот сектор, вели Ралповски.

Ги повика сите надлежни институции да постапат по наведените докази и по барањата на КСС. Ралповски вели дека имаат најава дека во следниот период ќе добијат докази и за други синдикати кои биле исклучени од ССМ, но и докази дека репрезентативноста на Организацијата на работодавачи на Македонија не е утврдена според Законот за работни односи.

– Ние бевме отстранети од тој Економско социјален совет затоа што тоа беше нашата алатка да ги блокираме сите неподобни закони или неспроведување на законите, за да можеме да се избориме за подобри работнички права. Ако имаме поднесено наше барање за утврдување на репрезентативност во 2018 година и таа седница е прекината за да се дополнат списоците и уредно се испратени до Министерството за труд и социјална политика и до Комисијата за репрезентативност, и оттогаш кога виделе дека само КСС ја има репрезентативноста во кој било сектор во државата, седниците се опструираат. КСС е надвор, се дозволува на подобните социјални партнери да носат одлуки, само онакви какви што и одговара на Владата, а од друга страна работничките права се уништуваат, заклучи Ралповски.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска