КСС бара преиспитување на законите од економско-социјалниот дел

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска најави дека ќе побара да се преиспита исправноста на предлог законите од економско социјалниот дел пред Законодавна – правната комисија на Собранието.

Од КСС реагираат на функционирањето на Економско-социјалниот совет, преку кој, според претседателот на КСС Благоја Ралповски, репрезентативните синдикати не можеле да побараат подобри, одржливи и рационални услови за вработените.

– Состојбите во ЕСС се неодржливи. Министерот за труд и социјална политика, повторно од ЕСС прави обезвреднување и приватен дебатен клуб без легитимитет и покрај реакциите од КСС, рече Ралповски на прес-конференција.

Тој наведе дека пратениците во Собранието стануваат соучесници на кршењето на законите доколку решаваат по точки од економско-социјалната сфера, како што е Законот за минимална плата, кој, како што потенцираше, е прекршен уште при носење заклучоци од Економско-социјалниот совет кој работел без кворум.

– КСС ветува дека ќе истрае во своите барања и доколку е потребно ќе реагира и пожестоко согласно законите и Уставот и ќе преземе радикални синдикални мерки кои можат да прераснат и во масовни протести, рече Ралповски.

Од КСС сметаат дека воведувањето двосменско работење на јавната администрација се спроведува без соодветни анализи и не се зема предвид структуралната поставеност на вработените во јавниот сектор.

КСС, наведе Ралповски, согласно покачувањето на минималната плата, која ја прифаќа, бара да се одржи распонот на плата на работниците во јавниот сектор, од причина што се случува порамнување на најниските позиции на носителите на дејноста, како и суспендирање на колективните договори затоа што основниот коефициент ќе биде под износот на минималната плата. Бараат 19 проценти зголемување на платите во јавниот сектор во согласност со Законот за работни односи како и конвенциите на Меѓународната организација на трудот ратификувани во Собранието на Македонија, рече Ралповски.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска