КСС бара да почне да функционира Економско-социјалниот совет

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара итно да почне да функционира Економско-социјалниот совет и тој да биде вклучен во договарањето околу висината на минималната плата.

Ова е едно од барањата на КСС усвоено на денешната седница на Конференцијата на КСС како највисок постојан орган меѓу два конгреса.

Од КСС информираат дека ќе покренат и иницијатива до Министерството за труд и социјална политика за носење на Закон за синдикатите, според искуството од демократските држави.

Од Владата се бара и покренување на иницијатива за утврдување на дополнителни услови за предвремено пензионирање со откуп на стаж најмалку за последните две години и да се разгледа можноста за воведување флексибилно работно време по модел на летно и зимско работно време.

Од КСС забележуваат дека претставници на одредени министерства во последните недели дале изјави во врска со социјалниот дијалог спротивни на Законот за работни односи и меѓународните конвенции, а забелешки имаат и на одржувањето состаноци за прашања кои се во надлежност на социјалните партнери, а на кои биле поканети да дебатираат претставници од невладините и граѓанските организации.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Ана Ололовска