„Кроација ерлајнс“ отпушта 220 работници

Од:

Хрватскиот национален авиопревозник „Кроација ерлајнс” ја заврши 2012 година со загуба од повеќе од 475.1 милиони куни (околу 62,5 милиони евра), а менаџерите на компанијата најавија отпуштање на 20 отсто од вработените.

Во „Кроација ерлајнс” денеска е одржан состанок на вработените и раководството во врска со реструктуирањето, кој работниците го напуштија. Тие не се согласуваат со проценката дека околу 20 проценти од вработените мора да ја напуштат компанијата.

– Не бегаме од фактот дека бројот на вработени треба да биде помал, но 20 проценти е премногу, бидејќи не постои можност тие да бидат заменети, изјави претседателот на Самостојниот синдикат на вработените во авионската индустрија, Томислав Рајковиќ.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин