Кривична од ЕВН за крадците на струја во Арачиново ќе нема во следните година дена додека не се реконструира мрежата

Од:

Меѓу загубите кои ќе ги платат граѓаните преку своите сметки ќе бидат и оние шест милиони евра струја украдена преку мрежата на ЕВН во Арачиново.

Неодамна министерот за економија, Крешник Бектеши интервенираше лично и ги убеди граѓаните да ги пуштат екипите на „Електродистрибуција“ да работат на отстранување на дефектите кои настанале од кражбата на струја. Тој вети дека Арачиново ќе стане позитивен пример во Македонија и дека државата ќе постапи во сите општини каде што има загуба на струја, но не спомна кој на крај ќе ја плати сметката.

„А1он“ ја праша компанијата ЕВН Хоме дали досега поднела или ќе поднесе кривична пријава против некој сторител на кражба на струја во Арачиново, но оттаму не сакаат да донесуваат конкретни заклучоци се додека не се реализира првата фаза од планот.

„Сеуште е во тек реализацијата на првата фаза од планот во Арачиново. Во оваа фаза се прави инспекција на мрежата по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на дефектите кои беа резултат на нелегалните приклучувања. Процесот е во почетна фаза која не дозволува да се донесат конкретни заклучоци. Според планот на реализација, реконструкцијата би требало да трае со месеци па дури и повеќе од година дена“, рекоа од ЕВН Хоум.

Според роковите на планот за реконструкција на мрежата, ЕВН во Арачиново нема да поднесе кривична во следните година дена, иако од компанијата велат дека ќе се превземат сите соодветни правни дејствија ако на терен се констатира кражба на било која локација во државата.

Од ЕВН рекоа дека до сега екипите на Електродистрибуција не се соочиле со било какви пречки при теренската работа во Арачиново.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

Двајца браќа од Арачиново обвинети за убиство на татко и син

Горан Наумовски

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико