Кристин Лагард го повика Кипар да се приклучи кон антикризната програма

Од:

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард го повика Кипар стриктно да се придржува кон примената на антикризната програма заради постоењето ризици при нејзиното исполнување, соопштуваат кипарските грчки медиуми.

Лагард кажа дека тригодишната програма, финансирана од Европскиот стабилизациски механизам и ММФ, на Кипар ќе му помогне да се избори со предизвиците, да ја обнови перспективноста на својот банкарски сектор и да го намали буџетскиот дефицит и јавниот долг до подносливо ниво.

Кипарската економија преживува криза на доверба поради неспособноста на нарушениот банкарски сектор да се справи и заради големиот надворешен и внатрешен дисбиланс.

-Властите во Кипар презедоа смели мерки за надминување на кризата, а меѓу нив и за ликвидација и преструктурирање на двете најголеми банки на островот, а, исто така, реализираа и амбициозни мерки за финансиска стабилизација, рече шефицата на ММФ.

Фондот вчера го одобри планот за финансиска помош за Кипар и на земјата и ја додели првата транша од 86 милиони долари.

Согласно планот, ММФ на Кипар во следните три години ќе му даде околумилијарда евра, во рамки на спасувачкиот план, во кој еврозоната учествува со девет милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка