Кредиторите на Атина денеска треба да и достават свој предлог план

Од:

Претставници на кредиторите на Грција доцна синоќа го финализираа пакетот предлог-реформи за земјата, со цел надминување на ќор сокакот во преговорите и за доделување рата од финансиската помош, и покрај тоа што Атина соопшти дека поднела свој предлог.

Според „Катимерини“, како што јави дописникот на МИА од Атина, се очекува доверителите денеска да и го достават предлогот на Грција, но не е познато дали тоа ќе се случи преку телеконференција или преку претставник на Владата.

Извори во Брисел, каде што техничките тимови запнаа во преговорите веќе неколку месеци, посочија дека предлогот на Грција бил премногу нејасен и му недостасувале детали за да биде основа за договор.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера истакна дека Грција направила доволно компромиси и го префрли товарот за отстапки на доверителите.

– Дилемата сега е кај раководството на Европа. Преговараме со план и стратегија во тешки услови… Грција излезе со предлози, направивме отстапки – што е нормална практика во преговори, но поднесовме реален план за излез на земјата од кризата, рече Ципрас.

Реакцијата во Брисел на изјавата на Ципрас не беше охрабрувачка, откако високи европски функционери рекоа дека грчкиот предлог е „нејасен“ и не е детален како планот изготвен од страна на доверителите.

Таканаречената Работна група на еврото денеска попладне треба да одржи телеконференција и да разговара за Грција. Се уште не е познато дали разговорите ќе се фокусираат само на предлогот на кредиторите или и на грчкиот план.

Според добро упатени извори, доверителите уште во понеделникот наутро почнале да работат на нивниот предлог. Нацртот наводно бил разгледан за време на средбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во Берлин подоцна истиот ден, на која присуствуваа и претседателот на Европската централна банка, Марио Драги и извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Истите ивори рекле дека на средбата во Берлин имало „некои несогласувања“ со шефот на ММФ, која останала скептична во врска со одржливоста на грчкиот долг „ако програмата за реформи не биде доволно смела“.

Некои светски медиуми, повикувајќи се на извор од ЕУ, јавија дека Меркел и Оланд денеска рано претпладне телефонски ќе разговараат со Ципрас за да се обидат однапред да обезбедат согласност од грчкиот премиер за нивниот предлог.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски