Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и УСАИД денеска ќе го презентираат Кредитниот гаранциски договор за развој на земјоделството.
Целта на договорот е да го стимулира комерцијалното кредитирање во земјоделството преку ограничување на ризиците на финансиските институции кои се дел од договорот.
На настанот ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, директорот на УСАИД, Џејмс Стајн, како и претставници на Комерцијална банка, Стопанска банка Битола, Прокредит банка и штедилниците „Можности“ и ФУЛМ.