Крај на огромните камати – мнозинството предводено од СДСМ ги усвои измените на законите за извршување и облигациони односи

Од:

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои иемните на Законот за облигациони односи, како и Законот за извршување со кои повеќе нема да може каматата да биде повисока од долгот.

Овие измени кои доаѓаат по бројни реакции од граѓаните до пратениците, ќе овозможат кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, таа да престане да тече.

Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

На овој чин ги штитиме граѓаните и ставаме крај на праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле, како што тоа беше случај често пати досега.

Пратениците од ДПМНЕ и Левица кои секојдневно глумат загриженост за граѓаните, не гласаа за овие законски измени и уште еднаш како и многу пати до сега се ставија на спротивната страна од интересите на граѓаните, се вели во соопштението под СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пратениците на ДПМНЕ не гласаа за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити

Предраг Петровиќ

Државата потрошила 38,6 милиони долари само за провизии за автопатот Кичево-Охрид кој досега чини 684,7 милиони долари

Горан Наумовски

Вицегувернерката Нацевска: Стабилноста на денарот и мерките на Народната банка креираат простор за раст на денарското штедење

Предраг Петровиќ

Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот, усвоени измените на Законот за облигациони односи

Просечната каматна стапка во март бележи намалување кај вкупните кредити и депозити

Жарко Настоски

Минимален пад на каматите во октомври

Жарко Настоски