Ковид-19: Западен Балкан најверојатно ќе биде изземен од забраната за извоз на ЕУ

Од:

Сегашните рестриктивни мерки за извоз на медицинска заштитна лична опрема од ЕУ кон западниот Балкан би требало да бидат отстранети на 25 април, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија, на почетокот на кризата со коронавирусот, одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема за земјите вон ЕУ, освен за земјите членки на европската слободна трговска зона како Норвешка или Швајцарија.

Оваа одлука предизвика големо незадоволство во регионот, по што властите на шесте земји од западниот Балкан испратија писмо до Европската Комисија изложувајќи ги своите аргументи зашто е потребно изземање и на овој регион.

Портпаролот за трговија на Европската Комисија, Даниел Росарио, денеска потврди дека Комисијата го примила писмото и дека се согласува со аргументите на властите од регионот.

-Комисијата гледа логика во аргументите изложени од страна на овие земји, прашањето веќе се разгледуваше и отворени сме за изземање, рече Росарио на денешниот дневен брифинг за новинарите во Брисел.

Рестрикциите ќе бидат ревидирани во наредните денови, бидејќи сегашните мерки истекуваат на 25 април.

-Во последните денови сме во контакт со повеќе земји членки и сега прилагодуваме некои елементи од системот за авторизации за извоз, еден елемент е типот на опрема за кој е потребна авторизација, помалку производи да бидат покриени со овој систем, а другиот е географскиот аспект на вклучување на земји вон ЕУ, објасни портпаролот.

Би можело да ве интересира

Се зголеми кинескиот извоз

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024