Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Од:

„Од вчера просечната плата е рекордно највисоко ниво, 40.000 денари, тоа се 650 евра, што е за 360 евра повеќе од 2017 година. Рекордна минимална плата од над 22.500 денари ќе се обезбеди со следното усогласување согласно Законот за минимална плата, што ќе стапи на сила идниот месец. Тоа е за 180% зголемување споредено со претходно кога минималната плата беше 8.050 денари“, рече претседателот СДСМ, Димитар Ковачевски, во изјавата за медиуми по посетата на компанијата Киел во во ТИРЗ зоната во Тетово.

Ковачевски при посетата истакна дека иако успеавме да ги донесеме платите до ова историски највисоко ниво, платите на граѓаните секојдневно растат и ќе продолжат да растат.
Овие подобрувања кои се случуваат во моментов на економски план како што истакна Ковачевски се резултат на правилните политики но и на фактот дека СДСМ го цени трудот на работникот, а грижата за сите е темелот на социјаледмократските политики.

Тој посочи дека СДСМ работи во интерес на граѓаните и дека преку политиките кои се спроведуваа во Владите предводени од СДСМ, а особено во неговиот мандат парите се насочени кон граѓаните и има повеќе за сите, а сѐ со цел подобар европски стандард за сите граѓани, подобри услови за стопанството, раст на економијата. Ковачевски го потенцираше и одговорносто менаџирање со буџетот со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат и да продолжат да растат во иднина.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски