Ковачевски се пофали: Успеавме, просечната плата е 34.000 денари

Од:

Ветувањето за просечна плата од над 34.000 денари до 2024 година, го остваривме речиси една година порано, напиша на својот фејсбук профил премиeрот на Македонија, Димитар Ковачевски.

„Според најновите податоци таа изнесува 34.364 денари во декември 2022 година, што е покачување за 4.421 денари или за 14,8% во период од само една година.
Ова е резултат на позитивните мерки и политики кои ги спроведува оваа Влада. Сето ова го направивме возможно во услови на голема глобална криза.
Продолжуваме и понатаму, овозможуваме раст и развој на економијата и го подобруваме животниот стандард на граѓаните“, тврди Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Просечната плата во декември 43.587 денари

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Мицкоски: Васко Ковачевски не е во Македонија, за брзо време ќе го најдеме

Горан Наумовски

Просечната нето плата во септември 41.585 денари