Ковачевски останува во ЕСМ: Прво ќе земам одмор од 20 дена па ќе процениме каде ќе бидам ангажиран

Од:

Досегашниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата генерален директор, но ќе остане вработен во компанијата, а откако ќе го искористи годишниот одмор, заедно со Владата ќе проценат каде ќе биде ангажиран.

– Јас сум вработен во АД ЕСМ, прво ќе го земам одморот од 20 дена што ми следува а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и на Владата ќе процениме каде ќе бидам ангажиран во компанијата. Јас сакам да се посветам на семејството, на моите две деца кои имаат потреба за развој и дообразование и успешно менаџирање во приватниот бизнис – истакна Ковачевски.

Тој додаде дека е убеден дека како директор успешно ја менаџирал енергетската криза:

– Бројките покажуваат се, на крајот на денот проценката за нашата работа го врши надзорниот одбор, па премиерот и економските министри. Најважно од се е мислењето на граѓаните. Јас сум убеден дека успешно како држава и компанија ја менаџиравме кризата благодарение, пред се, на ангажманот на вработените во ЕСМ кои направија личен влог да се зголеми домашното производство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, преку бегалецот Васко Ковачевски и другите функционери се директни учесници во криминалот на Пуцко Петрол тежок 167 милиони евра

Предраг Петровиќ

МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски

А1он

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

А1он

Вчудоневиден сум што ОЈО не побара притвор за Васко Ковачевски, вели Тошковски

Горан Наумовски

Обвинителството за „Адитив“: Ковачевски сторил кривично дело, но моментално нема докази дека е дел од групата

Ковачевски не се откажал од македонското државјанство потврди министерот Тошковски