Ковачевски: „Архиродон“ треба да одлучи дали ќе продолжи или не во постапката за „Чебрен“

Од:

Грчката компанија „Архиродон“, која победи на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен треба да одлучи дали ќе продолжи во постапката или нема, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Ако имале дополнителни барања во однос на самиот договор тогаш тоа се барања кои излегуваат од рамката на договорот кој бил предмет на тендерската постапка која им била достапна на сите други компании кои учествувале на тој тендер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на настанот за доделување изводи на досега не евидентирани лица.

Премиерот рече дека тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен бил меѓународен тендер кој е објавен и на кој учествувале девет или 10 реномирани меѓународни компании, чиј составен дел на тендерската документација е договорот за концесија.

-Врз основа на евалуација на независна комисија составен од експерти во Министерството за животна средина еден од понудувачите е избран дека ги исполнува условите – додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Мицкоски на средба со Гренел: САД би можел да инвестира во „Чебрен“

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски