Котески: ЕЛЕМ дозволи колапс на РЕК, а фрла 14 милиони евра за рајски градини

Од:

Вчерашниот испад на системот уште еднаш на површина ги извади сите проблеми во РЕК Битола и во енергетскиот систем на Р. Македонија, проблеми за коишто СДСМ веќе подолг период алармира.

Цели 10 години со РЕК Битола и со ЕЛЕМ раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ, чија стручност ја доведува во прашање иднината на комбинатот и енергетскиот систем.

Незнаењето, поставувањето на партиски кадри на несоодветно место и недисциплината во извршувањето на работните задачи е главна карактериситика на лошото менаџирање со овој толку значаен комбинат за Македонија и за Битола.

Тоа повлекува неквалитетно направен ремонт, зголемување на бројот на дефекти и испади на блоковите како вчерашниот, ископ на неквалитетен јаглен, зголемена потрошувачка на мазут, помало производство на електрична енергија.

Изразено во пари само по овие основи загубата изнесува десетици милиони евра годишно, пари на граѓаните на Р. Македонија, рече Благојче Котески, советник во општина Битола и член на Комисијата за енергетика при ОО.

Тој ги повика одговорните лица од ЕЛЕМ јавно да дадат одговор:

Што се случува со БЛОК 1 – ремонт, нега, застој или нешто друго?

Што се случува со БЛОК 2 – дали се склучени договори за ремонт со фирми изведувачи, дали има работна сила, дали комбинатот има делови за ремонт и репроматеријали?

Лошото менаџирање со РЕК Битола се огледува и на работењето на рудникот.

Двете клучни багерски единици,SRs 1300 и SRs 1050 се во дефект!

Ги повикуваме одговорните лица од ЕЛЕМ јавно да дадат одговор:

Кога истите ќе бидат пуштени во употреба?

Која е предвидената динамиката за нивна санација?

Дали со ова директно не се загрозува отварањето на подинските јагленови серии во рудникот Суводол, односно работењето и снабдување на јаглен на термоцентралите?

Неработењето на РЕК Битола дополнително ги чини граѓаните поради увоз на поскапа струја.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги сотреа граѓаните со нивните штетни, криминални политики. Граѓаните плаќаат поскапа увезена струја. Затоа за време на ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапе за неверојатни 100%.

На граѓаните им е потребен стабилен енергетски систем, којшто ќе гарантира стабилно производство на електрична енергија и домашна поефтина струја.

По демократските промени, новата, одговорна и транспарентна влада предводена од СДСМ ќе го поттикне и ќе го поддржи развојот на домашните енергетски капацитети, што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата, рече Котески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски