Копачите на криптовалути се свртуваат кон сончевата енергија поради скапата струја

Од:

Две американски технолошки компании, Блок и Блокстрим, подготвуваат центар за ископување биткоини кој целосно ќе се напојува од сончевите зраци. Проектот започнува во јуни, а целта на неговите создавачи е да ги направат криптовалутите поевтини и поеколошки.

Групата за дигитално плаќање Блок, претходно наречена Сквер, и експертот за блокчејн Блокстрим, инвестираа по шест милиони долари во пилот-проектот, кој се очекува да произведува околу 0,1 биткоин дневно, изјави извршниот директор на Блокстрим, Адам Бек.

Експерименталниот центар ќе биде лоциран во Западен Тексас и ќе биде опремен со соларни панели и батерии на Тесла.

Центарот за создавање биткоини може да го користи само вишокот капацитет на објектите кои генерираат обновлива енергија, при што најголемиот дел од електричната енергија оди за обична потрошувачка на домаќинствата и деловните субјекти.

Копањето на биткоини бара серија сложени компјутерски пресметки кои бараат зголемено количество на електрична енергија.

Ова не е прв проект за криптовалути кој целосно се потпира на обновлива енергија.

Во Салвадор, каде биткоинот веќе е официјална валута, ископувањето се одвива во геотермална централа која користи енергија од блиските вулкани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Биткоинот паѓа: Пазарот на криптовалути „во црвено“

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски