Контроли во 16 угостителски објекти во Битола и Прилеп, глоби за не издавање фискални

Од:

Битолската полиција во содејство со инспекциски служби од УЈП, вчера реализираа акциски контроли во вкупно 16 угостителски објекти.

На подрачјето на Полициската станица во Битола контроли се извршени во: пицерија „Рустико”, кафе бар „Симбол”, кафе бар „Арт”, кафе бар „Конект-2”, кабаре „Анита” во село Кравари и ресторан „Мико”-село Кравари. На подрачјето на Полициската станица во Прилеп контрола беше извршена во: кафе бар „Вирус”, „Хепи Канди”, „Лидо”, „Морнар” и „Инсомниа”, интернет клубови „Клик” и „Андерграунд” и ресторани „Гурман” и „Лав”, и во кафе барот „Селект”, кој беше затворен односно не работеше.

Од страна на УЈП на ресторан „Гурман“  поради неиздавање фискални сметки, соопшти денеска МВР, изречена е забрана за вршење на дејност од 15 дена и парична казна од 3.250 евра односно 2.500 евра за правното лице и 750 евра во денарска противредност за одговорното лице во правното лице. За кафе бар “Инсомниа“ и интернет клуб “Клик“ изречени се глоби во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност.  Исто така од страна на полициските службеници издадени се и шест платни налози за глоба за шест лица затекнати со цигари во угостителските објекти, како и два платни налога по Законот за лична карта.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа