Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

Од:

Кај шест даночни обврзници на територија на општина Виница констатирани се неправилности, соопшти попладнево Управата за јавни приходи.

Оттаму информираат дека изминатиот викенд спроведени се 18 контроли за фискализација согласно Законот за регистрирање на готовински промет на подрачјето на општините Виница и Свети Николе каде се одржувале настани на отворени.

Притоа, кај два даночни обврзници на територија на општина Виница констатирани се неправилности по основ на неиздвање на фискални сметки, а кај четири физички лица констатирано е вршење на нерегистрирана дејност, кои понатаму по службена должност се проследени кај Државниот Ппазарен инспекторат за понатамошно постапување. Во Свети Николе не се констатирани неправилности.

Би можело да ве интересира

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет

Прекин во работењето на системот е-Даноци