Коњановски: Создаваме дополнителна вредност на македонскиот земјоделски производ

Од:

Владата презема активности за создавање дополнителна вредност на македонскиот земјоделски производ. По низата програми од 2006 година за раст и развој на земјоделството, сега треба да тргнеме со уште покрупни чекори преку градење објекти за доработка и преработка на земјоделски производи.

Тоа го истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, во обраќањето на ИПАРД форумот „Нови измени во ИПАРД програмата – подобри можности за користење на европските фондови“, што се одржа во Битола.

Според Коњановски, соработката со локалната самоуправа во Битола ќе се интензивира во наредниот период со цел да се реализираат што побргу заедничките проекти и да се искористат претпристапните европски средства преку ИПАРД програмата наменети за унапредување на земјоделските стопанства и за развој на капацитети што овозможуваат доработка и преработка на земјоделски производи.

– Во исто време преку претпристапната помош ќе може да се вложува во руралниот туризам. Ќе имаме добра можност да им презентираме на сите оние што се заинтересирани за развој на руралниот туризам да можат да ги искористат европските средства, бидејќи преку ИПАРД програмата и одредени мерки има средства што може да се искористат за изградба на хотели, мотели во руралните средини со капацитет од 30 до 50 легла, рече Коњановски.

Средствата, порача, треба што побргу да ги искористиме, со цел обезбедување дополнителни нови вработувања, но и нови вредности во руралниот туризам на Македонија.

Коњановски посочи дека од 2009 година на Македонија и се на располагање европски средства и оти досега се реализирани седум јавни повици и се искористени се 15,5 милиони евра, наменети за развој на земјоделството. И во Битола, истакна, има корисници на ИПАРД програмата.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов