Коњановски: Новата зона во Валандово дополнителна вредност за земјоделството

Од:

Изградба на винарии, откупно-дистрибутивни центри и преработувачки капацитети во Валандовско најави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на општината.

Коњановски беше на локацијата каде се планира изградба на развојна зона за лесна незагадувачка индустрија и оствари средба со претставници на земјоделците. Оттаму порача дека соработката на државните институции со локалната власт треба да биде меѓу приоритетите за развој на земјоделството.

– Радува фактот што изминатиов период имаме одлична соработка со локалната самоуправа во Валандово и со градоначалникот Николче Чурлиновски. Тоа резултираше со конкретни проекти во земјоделството. Веќе се утврдени локации за изградба на винарии, а од огромно значење е и оваа зона која е во тек на урбанизација. Во неа се предвидени 7 локации за изградба на откупно-дистрибутивни центри и преработувачки капацитети за земјоделски производи, рече Коњановски.

Тоа, додаде, ќе ја подобри економската слика во Валандово. – Само со заедничка работа и соработка со општините можеме да зборуваме за нови дела во земјоделството, истакна заменик министерот, потенцирајќи го ангажманот на Чурлиновски за развој на секторот и решавањето на проблемите на земјоделците.

– Чурлиновски изминативе години покажа сериозен ангажман и посветеност во делот на развојот на земјоделството. Во неговата изборна програма предвидува нови проекти што е позитивен момент за развојот на аграрот. Уверен сум дека со заеднички напори ќе продолжиме да го развивавме Валандово, подвлече Коњановски.

За време на посетата, заменик министерот Коњановски и градоначалникот Чурлиновски беа и во селото Јосифово. Се сретнаа со тамошните земјоделци на кои, меѓу другото, им порачаа да ја користат државната поддршка за осигурување на посевите која покрива 60 проценти од трошоците за полисата.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади