Коњановски: Легализирањето на земјоделските објекти можност за поголемо користење ИПАРД средства

Од:

Со легализирање на земјоделските објекти фармерите стануваат финансиски помоќни, а тоа им отвора можности за користење средства од ИПАРД Програмата, изјави денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на Регионалната канцеларија на Федерацијата на фармери (ФФРМ) во Струмичко.

Согласно измените на Законот за земјоделско земјиште, постапката за легализација на шталите, оранжериите и останатите земјоделски објекти, е драстично поедноставена. Се сведува на поднесување барање до локалната власт и изработка на градежен елаборат.

Коњановски апелира производителите што поскоро да почнат и со регистрирање на земјоделската механизација, тракторите и приклучните машини, процес што го овозможи Владата со најновите измени на Законот за сообраќај.

– Со писмена изјава пред нотар и доставување барање за регистрација до надлежните органи на МВР, може да почне легализацијата на овие машини, истакна заменик министерот.

Мерките чие спроведување овозможи легализирање на објектите и машините во земјоделството се дамнешни барања на фармерите. За полесно спроведување на овие активности ФФРМ на своите членови ќе им издаде прирачници.

– Легализацијата и регистрацијата на тракторите и останатите земјоделски машини ќе овозможи контрола на нивната техничка исправност. Со тоа генерално ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот на локалните и регионалните патишта, изјави претседателот на Федерацијата Андрија Секуловски, додавајќи дека годишно се евидентираат и по сто сообраќајки со земјоделска механизација во кои најчесто страдаат млади луѓе.

Легализацијата на земјоделските објекти треба да заврши до август идната година, а легализацијата и регистрацијата на механизацијата до октомври 2013.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар